КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ: Црвена Звезда го преслуша Пјуник, со една нога во плеј-оф и Бодо Глимт и Макаби Хаифа

Фудбалерите на Црвена Звезда веќе обезбедија пласман во плеј-офот од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва во Белград во првиот меч славеа над ерменски Пјуник со убедливи 5-0.

Белграѓани до водство од 1-0 стигнаа со голот на Букари во 29. минута. Четири минути подоцна веќе беше 2-0 откако прецизно стрелаше Канга. До крајот на првото полувреме Букари со својот втор гол во 44. минута донесе водство од 3-0. Букари со својот трет гол во 70. минута донесе водство од 4-0, а конечните 5-0 ги постави Митровиќ во 78. минута. Нашиот интернационалец во таборот на Пјуник, Марјан Радески во игра влезе во 57. минута од натпреварот.

Со една нога во плеј-офот се и Бодо Глимт и Макаби Хаифа. Норвежаните го декласираа Жалгирис на домашен терен со 5-0, додека Израелците беа подобри од кипарски Аполон со 4-0. Динамо Киев со предност од 1-0 ќе патува на реваншот кај Штурм од Грац, додека Карабак и Ференцварош одиграа без победник 1-1.

 

 

 

Се вчитува...