Женската кошаркарска репрезетнација на Македонија денеска од 20 часот и 30 минути во Белгија ги продолжува квалификациите за Евробаскетот 2023. По поразите од Германија и Босна и Херцеговина во воведниот „прозорец“, избраничките на Александар Ашаданов ќе ја бараат првата победа која ќе ги одржи во игра за пласман на големата сцена.
View this post on Instagram
Селекторот Ашаданов за овој натпревар нема да смета на нашата најдобар кошаркарка Анџелика Митрашиновиќ, но ќе смета на услугите на новата натурализирана кошаркарка, Мерит Хемпе од кој се очекува заедно со Јелена Антиќ да го превземе товарот во репрезентацијата.
„После цела година без тренинг, повторно се собравме, сепак, некомплетни. Ни недостасува најдобриот домашен играч, Анжелика Митрашиновиќ и уште неколку играчи од Италија кои не можат да бидат со нас. Факт е дека во изминатиот период трениравме некомплетни. Но ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат. Против нас ќе имаме големи кошаркарски имиња, но ние нема да се предадеме.
Како засилување ја имаме Мерит Хемпе. Се работи за одлична личност, се запознавме и заедно сме неколку дена. Мислам дека многу ќе ни помогне на теренот.
Јас лично мислам дека можеме да се натпреваруваме со секоја репрезентација. Германија ни е попозната бидејќи игравме против неа во претходниот циклус. Но Белгија има неколку познати кошаркарки и е една од најсилните во Европа. Пак ќе кажам дека не се плашиме од никого, излегуваме да се натпреваруваме и ќе се бориме до крај“, вели Трајчевска.
Македонија во Ловен ќе истрча со: Нена Трајчевска, Александра Стојановска, Матеа Николиќ, Ивана Кметовска, Јелена Антиќ, Илина Селцова, Марија Димитријевиќ, Цветанка Димова, Сања Адамовска, Катерина Поп-Димитровска, Михаела Алексовска и Мерит Хемпе.
View this post on Instagram
Покрај денешниот натпревар „црвевно-жолтите“ ги очекува уште една средба во овој ноемвриски прозорец, оној против Германија на домашен терен в недела (27.11), меч кој ќе биде одигран во СРЦ „Кале“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА