Квалификации за ЕП 2018 – Шведска и Србија се фаворити, Македонија чека своја шанса

Женската ракометна репрезентација на Македонија го одработе последниот тренинг пред утрешниот дуел со Шведска  во „Кале“ (19 ч.), во претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2018 во Франција. Три дена потоа, на 3 јуни во Ниш, ракометарките ги очекува последниот меч против Србија со кој го завршуваат овој циклус.

Македонија не е во фаворитска улога во овие завршни дуели против двете водечки репрезентации во групата во која се уште и Фарски Острови, но теоретски шанси за пласман на ЕП се уште постојат, а на македонските ракометарки им преостанува да се борат до последен момент, посебно на утрешниот меч пред домашната публика.

Теоретски ние сме во игра, но во последните два натпревари влегуваме растоварено без притисок и без калкулации за второ или трето место. Имаме голем респект за противниците. Шведска во изминативе години е доминантна, Србија има искусен и квалитетен состав. Наша задача ќе биде да ја играме нашата игра, да пружиме достоен отпор и  да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже. Ако успееме во тоа, резултатот ќе си дојде само по себе. Треба трпение и треба работа“ – истакнува селекторот Симе Симовски.

По првите четири натпревари, Македонија е на третото место во групата со 4 бода, два помалку од Шведска и од Србија кои се на првите две позиции. Последни се Фарски Острово без бодови. Пласман на ЕП 2018 во Франција обезбедуваат првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана во квалификациите.

По завршувањето квалификациските натпревари, Симе Симовски со репрезентацијата во проширен состав со неколку младинки продолжува со подготовките за настапот на Медитеранските игри во тарагона кои стартуваат на 22 јуни.

Се вчитува...