Македонската женска кошаркарска репрезентација во периодот помеѓу 11. ноември 2021 и 12. февруари 2023 година ја очекуваат три „прозорци“ во квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 против Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.
Обидот за историски пласман на едно големо натпреварување го започнуваме на 11. ноември оваа година против Германија на гостински терен, а три дена подоцна, на 14. ноември и натпревар против репрезентацијата на БиХ.
Во вториот квалификациски прозорец кој ќе биде одигран во ноевмри 2022 година ќе се сретнеме со Белгија на гостински терен (24. ноември), а три дена подоцна ја пречекуваме Германија дома.
Последниот прозорец ќе биде одигран во февруари 2023 година, а во него на 9. февруари гостуваме во Босна и Херцеговина, а го комплетираме на 12. февруари против Белгија на домашен терен.
Целосниот распоред на натпревари е следниот:
11. НОЕМВРИ, 2021: Германија – МАКЕДОНИЈА
14. НОЕМВРИ, 2021: МАКЕДОНИЈА – БиХ
24. НОЕМВРИ, 2022: Белгија – МАКЕДОНИЈА
27. НОЕМВРИ, 2022: МАКЕДОНИЈА – Германија
9. ФЕВРУАРИ, 2023: БиХ – МАКЕДОНИЈА
12. ФЕВРУАРИ, 2023: МАКЕДОНИЈА – Белгија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА