Квалификации за ЕП: Франција подобра од Полска, Романија се реваншираше на Ф.Острови

Три натпревари се одиграа вечерва во квалификациите за пласман на ракометното Европско првенство во кои Македонија својот меч го игра утре против Португалија на гостински терен.

Романија се реваншираше на Фарски Острови и убедливо го совлада со 25:17. За потсетување дека Фарски пред неколку дена ја изненади Романија и ја совлада на свој терен.

Во дербито денеска, Франција беше подобра од Полска со 30-27. Французите доминираа во текот на целиот меч, односно ниту еднаш не го загубија водството (два пати Полска стигна до израмнување), и на крајот Французите славеа триумф кој дефинитивно ги носи на ЕП со оглед дека имаат четири победи во исто толку натпревари.

Австрија успеа со голем пресврт да дојде до победа над Украина со 31-28. По првиот дел Украинците водеа со 14-11, но во вториот дел се разбудија Австријците и дојдоа до победа.

Се вчитува...