Летонија ја шокираше Шпанија победувајќи ја на гостувањето со 75-79 во првиот меч од четвртата рунда квалификации за Европското првенство 2025.
Летонците до победата беа предводени од кошаркарот на Виртус Болоња, Ришард Ломаж кој мечот го аврши со 18 поени и седум асистенции. Покрај него се истакна и Андрејс Гражулис со 13 поени и ветеранот Јанис Тима со 11 поени и пет скока.
Кај Шпанија, Бризуела имаше најдобар ефект од 16 поени, а Рики Рубио, кој неодамна се врати по подолга пауза, запиша 11 поени и пет асистенции.
Италија, пак, во квалификациската Група 2 славеше против Турција со 87-80. Николо Мели со 17 поени беше најефикасниот поединец кај Италијанците, а на Турците не им помогна ниту одличната партија на Тарик Биберовиќ, кој мечот го заврши со 27 поени, осум скока и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

