Квалификации за ГН на САД: Саинз до пол-позицијата во Остин

Карлос Саинз ќе ја започне Големата награда на САД која се одржува во Остин, Тексас од пол-позицијата откако квалификациите ги заврши со најбрзо време од 1:34.356 пред неговиот клупски колега Шарл Леклер, кој сепак поради казна од десет места поради промени на болидот ќе се најде во средината од групата.

Наместо него на втората позиција ќе стартува Макс Ферстапен, а од третото место ќе трне Серхио Перез. Четврата позиција му припадна на Луис Хамилтон, а првите десет ги комплетираат: Џорд Џасел, Ленс Строл, Ландо Норис, Валтери Ботас, како и Александар Албон и Пјер Гасли кои го најдоа своето место во ова друштво поради казните на Леклер и Алонсо.

Се вчитува...