Денеска се одиграа шест натпревари од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите, во кој најголемото изненадување го направи литвански Паневезис, кој со убедливи 3-0 го совлада составот на Хелсинки од Финска, и така направи голем чекор кон следната фаза.
Линколн од Гибралтар го совлада тимот на Хамрун од Малта и тоа како гостин со 0-1, додека ТНС го порази црногорскиот првак Дечиќ, и го доведе пред елиминација. Косовски Балкани триумфираше над Санта Колома од Андора со 1-2 на гости, а Викингур и Шамрок одигра без голови.
Најубедливиот триумф го оствари романска ФЦСБ која со 1-7 го совлада шампионот на Сан Марино, Виртус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА