Квалификации за ЛШ: Рамадани и Бејтулаи со минимална предност, Митровски дебитираше со реми

Неколку македонски интернационалци настапија денеска на натпреварите низ Европа во рамките од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Косовскиот првак Дрита го совлада тимот на Диферданж од Луксембург со 1-0 во првиот меч, и тимот предводен од Зекирија Рамадани патува со предност на реваншот. За домашниот тим цел меч одигра Егзон Бејтулаи, додека Блертон Шеји остана на клупата.

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски дебитираше за Олимпија на официјален меч како стартер на дуелот против Каират Алмати. На крајот мечот заврши без победник 1-1 одигран на „Стожице“ во Љубљана. Митровски играше до 60. минута кога го напушти теренот, а минута претходно Каират стигна до предност. Сепак, потоа Олимпија успеа да израмни.

ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЛШ

Купс – Милсами 1-0

Иберија – Малме 1-3

Ноах – Будуќност 1-0

Левадија – РФС Рига 0-1

Олимпија – Каират 1-1

Дрита – Диферданж 1-0

ТНС – Шкендија 0-0

Викингур – Линколн 2-3

Се вчитува...