Може ли ТФТ до сензација во Лигата на Шампионите?

Скопје и ТФТ од денеска до 25. септември ќе бидат домаќини на квалификацискиот турнир на Лигата на Шампиони на ФИБА. Покрај освојувачот на Купот на Македонија на истиот силите ќе си ги одмерат и романскиот ЦСО Волунтари, швајцарски Фрибург, британскиот Лестер Рајдерс, германскиот Кемниц и турскиот Тофаш Бурса.

Првиот предизвик за македонскиот состав е германскиот тим чиј дел е македонскиот стартег Ѓорѓи Кочов. Овој натпревар е на програмата од 21 часот, а на истиот апсолутен фаворит е бундеслигашот. Сепак во таборот на ТФТ владее оптимизам, а во кошарката се случуваат чуда.

„Кемниц е фаворит, но ние дефинитивно нема да се предадеме. Последниот Евробаскет покажа дека во кошарката се возможни чуда“, изјави за ЕКИПА, Александар Костоски.

Доколку „црно-белите“ ја поминат првата пречка во втората фаза ги очекува Фрибруг.

Турнирот започнува од 18 часот со натпреварот помеѓу Лестер Рајдерс и ЦСО Волунтари. Полуфиналните натпревари каде веќе се наоѓаат Фрибруг и Тофаш ќе биде одиграни во петок, додека патникот во групната фаза од Лигата на Шампионите ќе го дознаеме во недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...