Квалификации за ЛШ: Жалгирис го изненади Галатасарај

Жалгирис и Галатасарај одиграа одличен натпревар во рамките од квалификациите за Лигата на Шампионите, откако литванскиот тим во драматична завршница избегна пораз од фаворитот (2-2).

Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, Жалгирис поведе преку Ојевуси во 48. минута, но Галата набрзина направи пресврт и со головите на Бардакчи и Дервисоглу го сврте резултатот во своја полза. Последните десет минути беа во знакот на Казлаускас, кој доби жолт картон, потоа во 91. минута израмни на 2-2, по што заработи и црвен картон и нема да може да настапи на реваншот во Истанбул.

Хелсинки стигна до предност од 1-0 во скандинавската пресметка со Молде, благодарение на голот што го постигна Кескинен во 25. минута.

Се вчитува...