Кошаркарската репрезентација на Летонија оствари сензационална победа над Србија во квалификациите за Светското првенство, и им го загорчи животот на Србите во втората рунда квалификации. Во Рига, Летонија ја совлада селекцијата на нашиот северен сосед со 66-59, и со тоа им се реваншираше за поразот од Белград. Сега селекцијата од Балтикот ја презеде првата позиција во групата.
Во новоформираната група ќе се пренесат бодовите, а таму Србија за ривали ќе ги има Грција, Турција и Велика Британија, што ќе значи дека Србите и тоа како ќе ги чека тежок предизвик за пласман на Мундијалот следната година.
Србија имаше и добри моменти на дуелот во Рига, водеше неколку пати па дури и со двоцифрена разлика на почетокот на третата четвртина, но необјаснивиот пад во играта придонесе Летонија на крајот да ја однесе победата.
На стартот од последниот период беше клучен за победата на Летонците, особено откако селекцијата дојде до 13 бодови предност на осум минути пред крајот. За враќање Србите немаа ниту сила ниту можност, па така ова е многу важна победа на Летонија која може да ги однесе и на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА