Временските услови не дозволија да се одржат квалификациите за главната трка за големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот кои требаше да се возат на патеката Интерлагос.
Квалификациите требаше да почнат во 19 часот по македонско време, а откако неколку пати беше одложуван нивниот старт, по два часа и неподобрување на времето организаторите се одлучија да ги одложат квалификациите за утре.
Квалификаците ќе бидат на програмата утре пред главната трка, а точното време дополнително ќе го соопштат од ФИА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА