Денеска во Франкфурт беа извлечени групите во квалификациите за пласман на ЕП. Групата на „смртта“ е групата „Ц“ во која е и Македонија, а ќе играат и последните финалисти на ЕП Италија – Англија. Покрај нив, тука е и Украина и Малта. Италија и Англија имаат најголеми шанси за првите де места во групата.
Интересно ќе биде и во групата Б, каде што се Холандија и Франција, а нив ќе се обидат да им го „загорчат“ пласманот Ирска и Грција, додека Гибралтар важи за целосен аутсајдер.
Групата „Г“ е наречена балканска, затоа што во неа ќе учествуваат Унгарија, Србија, Црна Гора и Бугарија. Со нив заедно е Литванија.
Кристијано Роналдо со Португалија ќе игра против БИХ, Исланд, Луксембург, Словачка и Лихтенштајн. Косово се падне со Швајцарија, Израел, Романија, Белорусија и Андора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА