Фабио Квалјарела испиша историја откако со голот на денешниот дуел против Лихтенштајн стана највозрасен стрелец во историјата на „аѕурите“. Одличните игри во дресот на Сампдорија беа препорака за искусниот голгетер да биде повикан од селекторот Манчини и да добие шанса во стартниот тим по пауза од девет години, а Квалјарела се заблагодари на довербата со два гола од пенал во првото полувреме.
Оној првиот беше доволен за место во историјата, Квалјарела со 36 години и 54 дена е највозрасен стрелец на италијанскиот национален тим. Тој го урна рекордот на Кристијан Панучи, кој постигна против Романија на ЕВРО 2008 на возраст од 35 години и два месеци.
Fabio Quagliarella with his first goal for Italy in 8 years. This goal makes him the oldest goalscorer in Italian history (36 years & 54 days old). #ItaliaLiechtenstein pic.twitter.com/0jivpZ60kr
— Khai (@SpectreGoal) March 26, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА