„Победата во Бугарија носи огромен мотив за нас…, посебно пред гостувањето во Македонија кое ни е многу важно затоа што во Скопје одиме по одмазда за оној пораз во Тбилиси. Македонија е наш должник и сега сакаме да се одмаздиме. Ќе направиме се, ќе го дадеме максимумот да дојдеме до победата во Скопје и да ги израдуваме нашите навивачи. Не криеме дека нашата цел е првото место во оваа група и пласман на Европското првенство 2024“ – вели Кварачелија пред мечот со Македонија.
Грузијците утре доаѓаат во Скопје, а ќе бидат сместени во хотелот „Мериот“ во главниот град на Македонија.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра во четврток (9. јуни) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА