Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Квараскелија зборуваше за демонстрациите во Грузија, неговата родна земја, чија репрезентација ја предводеше на Европското првенство во Германија.
„Мојата земја е ранета, а луѓето се повредени. Болно и тешко е да се гледаат снимките што кружат. Стоп за насилството и нападите. Грузија ја заслужува Европа сега повеќе од кога било“, е пораката на 23-годишникот.
Популарниот Кварадона сакаше да го искористи своето влијание привлекувајќи внимание на демонстрациите во неговата земја по одлуката на тамошната влада, на чело со премиерот Иракли Кобахиџе од владејачката партија Грузиски сон, да ги прекине преговорите со ЕУ.
„Ги следам случувањата во нашата земја и би сакал да го кажам моето мислење и став како граѓанин. Желбата на грузискиот народ е да чекори по европскиот пат – тоа е нашиот историски избор, единствениот правилен и неприфатливо е да се скршне од тој пат. Оваа земја е на народот и никој не е над неговата волја“, заврши капитенот на Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

