Квараскелија ја води Грузија кон рајот, Барак Чешка кон пеколот (ВИДЕО)

Дебитантот на Европските натпреварувања Грузија е блиску до испишување на историја откако по првото полувреме има предност од 1-0 против Португалија во меч од последното коло од групата Ф на ЕП во Германија.

Водство од 1-0  за храбрите Грузијци донесе Квича Квараскелија уште во 2. минута од натпреварот.

Португалија иако сигурно е прва, покажа голема нервоза, а како доказ дека Португалците сакаат да победат на овој меч е и жолтиот картон поради неспортско однесување кој го доби Кристијано Роналдо.

Чешка е во големи проблеми по првото полувреме против Турција по кое иако е 0-0, Чесите останаа со играч помалку уште во 20. минута. Голема глупост направи искусниот Антонин Барак кој за само 20 минути доби два жолти картони. Барак прво во 11. минута непотребно доби жолт картон, а девет минути подоцна поради нова глупост заработи исклучување.

 

Се вчитува...