Грузискиот репрезентативец Квича Кварацкелија, ќе биде надвор од терените еден месец поради повреда на лигаментите на неговото десно колено, информираат италијанските медиуми.
Од клубот не информираат точно колку ќе биде паузата на Кварацкелија, но како што пренесува „Туто Наполи“, напаѓачот сигурно нема да може да игра до крајот на 2024 година, но и низ првите денови од следната година.
Првиот натпревар во новата година за Наполи е на 4 јануари против Фиорентина на „Артемио Франки“. во Фиренца.
Кварацкелија сезонава има пет гола и три асистенции на 17 натпревари во сите натпреварувања за „наполитанците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА