Кварацхелија: Го следам Наполи, сигурен сум дека ќе го освојат Скудетото

Грузискиот интернационалец Хвича Кварацхелија верува во освојување на титулата од страна на неговиот поранешен тим Наполи. На едно коло до крајот во Серија „А“, „наполитанците“ имаат еден бод предност пред Интер, и играат против Верона на домашен терен.

Кварацхелија во јануари од Наполи се пресели во ПСЖ, и сега го чека финалето во Лигата на шампионите против Интер, во надеж дека ќе дојде до првиот европски трофеј.

„Го гледам Наполи. Го гледаме заедно со Фабијан Руиз и Донарума. Го сакам Наполи и сакам да го освојат Скудетото. Тоа ќе биде луда прослава во Неапол. Тие го заслужуваат тоа“, изјави крилниот напаѓач на ПСЖ.

Се вчитува...