Барселона веќе некое време мака мачи со финансии, но со потпишувањето на новиот договор со Најк кој до 2028 година ќе донесе приход од 1.7 милијарди евра се очекува да бидат надминати сите потешкотии. А, со тоа на „Камп Ноу“ да пристигнат и звучни засилувања.
Акцентот е ставен на засилување кое ќе ја покрие левата крилна позиција на која идеален би бил Квича Кварацхелија, но Грузиецот не е избор број еден на Барселона поради фактот дека настапува за Наполи.
Младата 23-годишна ѕвезда блеска откако се пресели во Неапол, во првата сезона беше избран за најдобар фудбалер на Наполи носејќи му ја и шампионската титула по 33-годишна пауза, но нема долго да се задржи во овој италијански клуб. Тој има договор до 2027 година и засега одбива продолжување на соработката.
Фактот дека неговиот договор важи до 2027 година воедно е и проблемот со кој се соочува Барселона. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е познат како тешок преговарач па Барселона нема намера да ја прифати сумата од 100 милиони евра кој тој ја бара за трансфер.
Каталонците попрво оваа сума би ја издовиле на две засилувања. Станува збор за Нико Вилијамс од Ателтик Билбао и Рафаел Леао од Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА