Грузиецот Квича Кварацкелија и во новата сезона ќе го носи дресот на Наполи, но ќе добие нов број, бројот седум, кој во минатото стоеше под презимето на македонскиот репрезентативец Елиф Емлас.
По одличните игри за Наполи како и за Грузија на Европското првенство во Германија кое неодамна беше завршено, 23-годишникот се поврзуваше со трансфер во редовите на ПСЖ кој за неговиот потпис беше подготвен да издвои и 100 милиони евра, но сепак до трансфер ова лето нема да дојде.
Причина за тоа е желбата на Грузиецот да го испочитува договорот со Наполи, но и да игра под водство на Антонио Конте, италијанскиот стратег кој ова лето го превзема неаполитанскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА