Кварацкелија по промоцијата во ПСЖ: „Ова за мене е сон, со нетрпение ги чекам првите минути за клубот“

Грузиецот Kвича Кварацкелија и официјално промовиран во дресот на ПСЖ, со потпишан договор со францускиот гигант до 2029 година.

Во новиот клуб Кварацкелија ќе заработува 9 милиони евра годишно, плус 2 милиони во форма на бонуси, а Наполи, според информациите, ќе добие околу 70 милиони евра.

„Ова е исполнување на сонот, настап за клуб со историја како ПСЖ. За мене е огромна радост што сум дел од овој голем клуб, верувам дека ќе ги исполнам очекувањата… Може само да кажам дека со нетрпение го очекувам моментот кога ќе ги одиграм првите минути за клубот“ – истакна Кварацкелија по потписот со ПСЖ.

Грузиецот претходно настапуваше и за Динамо Тбилиси, Рустави, Локомотив Москва, Рубин и Динамо Батуми, пред да се пресели во Наполи во 2022 година.

Се вчитува...