Најдобриот грузијски репрезентативец Хвича Кварацкелија не ја криеше радоста по победата на неговата селекција над Португалија со која избори историски пласман во осминафиналето на ЕВРО 2024.
Но, Кварацкелија по мечот не ја криеше радоста и од добиениот дрес од неговиот идол од детството, Кристијано Роналдо.
Уште пред мечот фудбалерот на Наполи јасно нагласи дека „сонувал од дете еден ден да игра против Роналдо на терен, а сега тој сон се оствари“.
The way Kvaratskhelia is loving this Ronaldo shirt is just wholesome to see. 😭❤
pic.twitter.com/VaaZ0leaAd— fan (@NoodleHairCR7) June 27, 2024
Затоа и по победата над Португалија, Грузиецот најпрво отиде да се поздрави со Роналдо, а потоа ја сподели радоста со репрезентативните соиграчи.
Kvaratskhelia went straight to Cristiano Ronaldo before the celebrations.
What a video. ❤️
pic.twitter.com/Aq5xRBhhNW— TC (@totalcristiano) June 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА