Квартараро до пол-позиција за Големата награда на Холандија

Францускиот мотоциклист на Јамаха, Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Холандија која се вози во Асен.

Квартараро до пол-позицијата стигна си време од 1:30.651 минута, што беше за 28 илјадити делови од секундата побрзо од второпласираниот Франческо Бањаја на Дукати.

Браќата Маркез ја освоија третата и четвртата позиција. Алекс ќе стартува како трет, додека неговиот брат една позиција поназад.

Во топ 10 уште се најдоа и: Безеки, Морбидели, Алдегер, Диџантонио, Акоста и Вињалес.

Се вчитува...