Фабио Квартараро продолжува да доминира во Мото ГП шампионатот откако францускиот мотоциклист славеше на трката за ГН на Велика Британија.
Французинот немаше достоен ривал на патеката, доминираше од почеток до крај и не дозволи триумфот да му биде доведен во прашање, за петта овосезонска победа и зголемување на предноста во генералниот пласман.
Второто место му припадна на Алекс Ринс на Сузуки, но херој на денот беше Алеш Еспасргару, кој ја заврши трката како третопласиран, за прв подиум на еден возач на Априлија во историјата на Мото ГП шампионатот.
Квартараро е првопласиран во генералниот пласман со вкупно 206 бода, пред Жоан Мир од Сузуки со 141 и Жоан Зарко од Дукати со 137 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА