Фабио Квартараро беше најбрз во трката за Големата награда на Италија во Мото ГП класата. Трката во Италија не мина како што се посакуваше поради тажната вест од утрово за смртта на 19-годишниот Џејсон Дупасквје кој почина по синоќешната несреќа во квалификациите.
Французинот на моторот на Јамаха денеска беше доминантен. Долго него за време на трката го следеше Зарко, но се откажа во финишот па на крајот заврши на четвртото место.
Оливеира стигна до второто место, Мир на Сузуки го комплетираше подиумот. Потоа следат Баиндер, Милер, Еспаргаро, Виналес, Петручи, а Топ 10 ги комплетираше и Валентино Роси.
We’re racing at Mugello! ?@PeccoBagnaia grabs an early lead ?#ItalianGP ?? pic.twitter.com/lRf4kk8M7s
— MotoGP™? (@MotoGP) May 30, 2021
Квартараро со денешното прво место дополнително се зацврсти на водечката позиција во генералниот пласман со 105 бода од шест трки. Следат Зарко со 81 бод, како и Бањаија со 79 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА