Селекторот на Иран, Карлос Квеирош, смета дека Американците го покажале најдоброто досега во групата Б на Светското првенство. Иран и САД денеска во директен дуел ќе одлучат за тоа кој ќе игра во нокаут фазата.
„Во вторник ќе играме против несомнено најконстантниот тим, тимот кој веројатно ги одигра двата најдобри натпревари во оваа група. Тие одиграа многу добро против Велс во првиот натпревар и против Англија во вториот. Игрите на другите тимови, вклучително и нашата, не беа толку константни. Знаеме дека не очекува исклучително тежок натпревар. Тие се многу добар тим, организиран и мотивиран. Сликовито би рекол вака: направија голем скок од сокер во фудбал“, изјави Квеирош.
Натпреварот меѓу Иран и САД е со почеток во 20 часот. Англија и Велс се среќаваат во исто време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА