Eден од носителите на играта на Грузија, фудбалерот ос средниот ред на Лех Познањ, Ника Квеквешкири вели дека сите во неговиот тим посакуваат реванш против Македонија за оној пораз во Тбилиси во финалето од баражот за ЕП 2020.
Квеквешкири беше дел од тимот во ноември 2020 година кога Македонија славеше против Грузија со 0-1.
„Многу добро се сеќаваме на тој дуел, беше еден од најважните натпревари за нас во историјата и болката од тој резултат ќе остане до крајот на нашите кариери, можеби и до крајот на животите. Но, не можеме сега да зборуваме за одмазда, затоа што ова е друго натпреварување, ова сега е нешто сосема друго. Секако дојдени сме тука по добар резултат затоа што сакаме да останеме на врвот од табелата. Има одлична атмосфера во нашата селекција и верувам дека таа ќе не води кон победа и на овој меч“ – вели Квеквешкири.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра денеска на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 20:45 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба преку мрежата на „МкТикетс“ по цена од 250 и 350 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА