Квеси Апија се врати на селекторската позиција на дудбалската селекција на Гана, наследувајќи го Аврам Грант. Израелскиот стратег не доби продолжување на соработката, откако со Гана се пласираше на четвртото место на последниот Африкански куп на нации што се одржа во Габон.
Квеси Апија доби доверба во наредните две години да биде на кормилото на Гана. Тој беше селектор на оваа селекција и на Светското првенство во Бразил, по што си замина од функцијата. Сега доби нова шанса за да ја предводи оваа африканска селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА