Квинси Промес потпиша за Ајакс

Холандскиот репрезентативец Квинси Промес потпиша петгодишен договор со Ајакс. Тој се врати во клубот од Амстердам каде ги имаше своите фудвалски почетоци во младинската категорија. Потоа змаина во Твенте, од каде се пресели во Спартак Москва, а минатата сезона настапуваше за Севилја.

Трансферот на Квинси Промес изнесува 15,7 милиони евра и ќе биде огромно засилување за Ајакс во следниот период. Тој има 37 настапи за холандската фудбалска репрезентација и седум постигнати гола.

 

Се вчитува...