Чешката тенисерка Петра Квитова објави дека ќе ја заврши својата успешна кариера ова лето. Двократната шампионка на Вимблдон и некогаш втора тенисерка во светот објави на социјалните мрежи дека се повлекува од професионалниот тенис.
„Како и со сите фази од животот, дојде денот да свртам ново поглавје. Ова ќе биде мојата последна година на турнејата, а мојот последен турнир ќе биде Отвореното првенство на САД. Пресреќна сум за сè што ми даде тенисот во животот и среќна сум што си заминувам со насмевка на лицето, иако тоа беше многу тешка одлука“, напиша 35-годишната Квитова на Инстаграм.
Таа доби покана за овогодинешниот Вимблдон, кој започнува на 30 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

