Чешката тенисерка Петра Квитова на победнички начин му се врати на тенисот, откако паузираше долг период поради нападот што го доживеа во својот дом, кога заработи и сериозна повреда. Но, Квитова покажа дека е голем борец, го надмина стресот и самата повреда, се подготви за Ролан Гарос и оствари победа во својот прв меч.
Таа во првото коло на гранслем турнирот во Париз ја совлада американската тенисерка Џулија Босеруп со 2-0 во сетови. Квитова првиот сет го доби со 6-3, а доминираше и во вториот, кој го доби со 6-2 во гемови.
Експресен триумф оствари и Тимеа Башчински, која со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) ја совлада шпанската тенисерка Сара Сорибес Тормо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА