„Л’Екип“ избра: Новак Ѓоковиќ е најдобар светски спортист за 2023

Новак Ѓоковиќ е носител на големото признание за најдобар светски спортист за 2023 година, во изборот на престижниот француски спортски весник „Л’Екип“.

Србинот имаше година за паметење, ја проби границата од 400 седмици на врвот на АТП-листата, воедно и стигна до четири финалиња на гранслем турнирите, освојувајќи три трофеи, на Австралија Опен, Ролан Гарос и на УС Опен.

Тоа беше доволно за Ѓоковиќ да се закити со првото место во силната конкуренција пред пливачот Леон Марчанд на втората и Ф1 рекордерот Макс Ферстапен на третата позиција.

Место на Топ 10 спортисти за 2023 на листата на „Л’Екип“ имаше уште и за атлетичарот Ноа Лајлс, рагбистот Сиja Колиси, скијачот Марко Одермат, бијатлонецот Јоханес Бо, велосипедистите Тадеј Погачар и Матје ван дер Поел, како и за фудбалерот Ерлинг Халанд.

Се вчитува...