Јувентус стартува со проект преку кој желбата е да создаде нова фудбалска историја – спојување на најдобрата светска двојка, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, тврди угледниот француски „Л’Екип“.
Меси пред два дена им соопшти на челниците на Барселона дека сака заминување од клубот. Од раководството на каталонскиот клуб веруваат дека неговиот договор е автоматски продолжен не ни размислувајќи да го пуштат да замине. И додека трае „војната“ меѓу двете страни, Аргентинецот се поврзува со бројни клубови, пред се Манчестер сити, иако срамежливо се спомнуваат и Интер и ПСЖ.
Transferts : la Juventus s’intéresse aussi à Lionel Messi https://t.co/Ckd3WZN6GY pic.twitter.com/py9v7bK327
— L’ÉQUIPE (@lequipe) August 28, 2020
Сепак, „Л’Екип“ вечерва објави дека Меси веќе има официјална понуда од Јувентус. Според пишувањето на најугледниот француски спортски медиуми, таткото на Меси наредниве денови треба да го посети Торино. Раководството на Јувентус веќе работи на ослободување на дел од финансиските обврски кои го оптоваруваат клубот како би се создале услови за ангажман на Меси. Иако, објективно, сето тоа во овој момент изгледа крајно нереално.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

