Л’Екип: Зидан е најдобар тренер во светот

Зинедин Зидан е избран за најдобар тренер во светот на фудбалот, во гласањето што го организираше францускиот весник Л’Екип. Мора да се истакне дека во гласањето учествуваа новинари и дописници на Л’Екип, па оттаму не е преголемо изненадување што Французите довербата му ја укажаа на својот сонародник.

„Зидан тренираше само еден клуб, Реал Мадрид, но не треба да се заборави дека со него трипати по ред ја освојуваше Лигата на Шампионите. Исто така, успеа да ја симне Барселона од тронот во шпанското првенство“, се вели во образложението за прогласувањето на Зидан за најдобар тренер.

Пеп Гвардиола ја загуби трката за титулата во Премиер-лигата, но сепак се најде на второто место, пред Јирген Клоп, кој беше третопласиран.

Жозе Мурињо во неколку наврати во минатото го добиваше ова признание, но сега не беше ниту меѓу најдобрите пет тренери.

„Жозе Мурињо се уште е извонреден на прес-конференциите, но ја загуби својата магија на теренот. Играта на неговите тимови е здодевна, Жозе е милиони километри зад своите славни денови“, сметаат новинарите на „Л’Екип“.

Се вчитува...