ЛА Галакси го раскина договорот со Катаи поради расистичките објави на сопругата

Српскиот фудбалер Александар Катаи доби отказ од ЛА Галакси по расистичките објави на неговата сопруга. Теа Катаи на социјалните мрежи објави фотографија на која се наоѓа полициски автомобил и луѓе кои протестираат со натпис „Убиј ги сите г**на“.

Ваквите ставови наидоа на револт кај навивачите, па поради целиот скандал ЛА Галакси го раскина договорот со фудбалерот.

 

Се вчитува...