ЛА Галакси ја пронајде замената за Ибрахимовиќ

Мексиканецот Хавиерн Хернандез Чичарито ќе биде замената за Златан Ибрахимовиќ во екипата на Лос Анџелес Галакси. Искусниот шведски напаѓач одлучи да го напушти Галакси и да се врати во Милан каде викендов го запиша и првиот настап во Серија А.

Чичарито во моментов е фудбалер на Севилја во која не добива шанса. Сезонава одигра само 441 минута во дресот на тимот од Андалузија. Ситуацијата сака да ја искористи американскиот клуб кој очајно бара замена по заминувањето на Злата Ибрахимовиќ кој беше прва ѕвезда изминатиот период во клубот. Во богатата европска кариера Чичарито настапуваше за екипите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Вест Хем и Баер Леверкузен.

Се вчитува...