ЛА и Торонто испишаа историја во МЛБ лигата

Изминатата ноќ се одигра третиот натпревар од финалето на МЛБ лигатамеѓу Лос Анџелес Доџерс и Торонто Блу ​​Џејс. Дури по речиси седум часа игра, мечот заврши со победа на Доџерс од 6-5.

Доџерс поведоа со 2-0 пред Блу Џејс да постигнат 4 поени во четвртиот ининг за да поведат со 4-2. Веќе во следниот, бранителите на титулата возвратија и го израмнија резултатот на 4-4.

До крајот на регуларниот дел од играта, двата тима постигнаа уште еден поен и влегоа во дополнителни ининзи со резултат од 5-5. Бидејќи секогаш има еден играч поставен на позиција од каде што може да освои поени (позиција за освојување поени/втора база), се очекуваше брз крај. Сепак, Доџерс и Блу Џејс одиграа дури девет дополнителни ининзи, изедначувајќи го рекордот за најдолг натпревар во историјата на Светската серија. Интересно е што го израмнија рекордот од 2018 година, кога Бостон Ред Сокс и Доџерс исто така одиграа 18 ининзи во третиот натпревар од финалето.

На крајот, тие не успеаја да останат сами на врвот бидејќи Доџерс постигнаа клучен поен во вториот дел од 18-от ининг со кој поведоа со 2-1 во серијата.

Се вчитува...