Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс ја продолжија агонијата на Феникс санс сезонава во НБА лигата откако славеа на домашен терен со 138-111.
Пол Џорџ со 25 поени беше прво име во таборот на победничкиот тим, додека кај поразените недоволни беа 30 поени на Кевин Дурант.
Индијана пејсерс славеше на гостувањето кај Бостон селтикс со минимални 133-131, но го загуби својот најдобар кошаркар Тајрис Халибуртон кој во првото полувреме поради повреда мораше да го напушти паркетот. Во негово отсуство најдобар поединец кај Пејсерс беше Бенедикт Матурин со 26 поени, додека кај поразените недоволни беа 40 поени на Џејлен Браун.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Оклахома 128-136, Шарлот – Чикаго 112-119, Мајами – Хјустон 120-113 и Милвоки – Јута 116-132.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

