Пепе Мел е нов тренер на Ла Коруња, одлучи синоќа раководството на клубот од Галиција. Досегашниот стратег Гаизка Гаритано доби отказ по поразот од Леганес, четврти во низа за тимот на Ла Коруња, со што оваа екипа падна на 17. позиција на табелата.
Во игра за наследник на Гаритано беа уште и Бернд Шустер и Грегорио Манцано, но челниците на клубот од „Риазор“ решија на Мел да му ја доделат одговорната улога да ја води битката за опстанок.
Станува збор за искусен стратег кој во својата кариера има седено на клупите на ВБА, Бетис (два пати), Рајо Валјекано, Алавес, Хетафе и Тенерифе. Тој ќе дебитира на кормилото на Ла Коруња веќе задутре, на дуелот на домашен терен против Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА