Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат во серија од два порази едно по друго, натпревари кои славната НБА франшиза ги одигра без својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ.
Словенечкиот ас се повреди во градското дерби со ЛА Клиперс, но по малата пауза е подготвен да се врати на теренот, пренесуваат медиумите во Соединетите американски држави.
Дончиќ кој бележи просек од 34.1 поен, 8.8 скокови и 8.8 асистенции по натпревар ќе биде дел од натпреварот против Хјустон кој ќе биде одигран на католички Божиќ, вечерта помеѓу 25-ти и 26-ти декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

