ЛА Лејкерс го отпуштија ДеМаркус Казинс, го купуваат Маркиф Морис

ДеМаркус Казинс доби отказ од ЛА Лејкерс. 29-годишниот центар минатото лето дојде меѓу „лејкерс“ но поради тешка повреда на лигаментите на коленото не одигра ниту еден официјален меч за тимот од Лос Анџелес.

Иако добро се опорави и се очекуваше да му помогне на тимот во доигрувањето, раководството одлучи да му врачи отказ. Ова е потег за отворање простор за потпис со Маркиф Морис од Детроит.

Најдобрите НБА денови на Казинс беа во дресот на Сакраменто, но повредите го запреа неговиот континуиран раст како кошаркар. Покрај за Сакраменто играше и за Њу Орлеанс и Голден Стејт. Во кариерата има просек од 21,2 поени и 10,9 скока по натпревар.

Се вчитува...