Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин Нетс вклучија трејд кој го врати Диенџело Расел назад во Источната конференција и воедно на добро познато место за него со оглед на тоа што настапуваше за оваа франшиза од 2017 до 2019 година.
Покрај бекот на Истокот заминува и Максвел Луис како и три драфт пикови од втората рунда, додека во ЛА Лејкерс ќе пристигнат Дориан Фини-Смит и Шејк Милтон.
Со овој трејд ЛА Лејкерс ослободуваат значаја финансиска сума, а стигнаа до услугите на 31-годишниот Фини-Смит кој е добро познат по обидите за три поени и врвната одбрана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА