Кошаркарите на ЛА Лејкерс го декласираа Вашингтон на гостински терен со 134-96 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Лејкерси решија се во првото полувреме. Првата четвртина ја добија со 42-29, а на полувремето заминаа со водство од +33 поени (78-45). Ги добија последните две четвртини и забележаа рутинска победа.
Тимот од Лос Анџелес до победата го предводеше Леброн Џејмс со „дабл-дабл“ од 24 поени, три скока и 11 асистенции, а го следеше Руи Хачимура со 22 поени и четири скока. Двоцифрен беше и Шаик Милтон со 21 поен, четири скока и исто толку асистенции. Остин Ривс постигна 17 поени со шест скока и пет асистенции.
Кај Визардс најдобар учинок имаше Џордан Пул кој постигна 19 поени со пет скока и две асистенции, а го следеше Кајл Кузма со 13 поени и три скока.
Bronny gets a TOUGH and-1
LeBron’s reaction was too wholesome
pic.twitter.com/16Ec4TAnRJ
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 31, 2025
ЛА Лејкерс се на петтото место на Западот со 27 победи и 19 порази. Визардс се последни на Истокот со скор од 6-41.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА