ЛА Лејкерс ставија крај на серијата од два порази во низа со триумф од 110-93 во натпреварот со Торонто.
И овој пат лидер на клубот од Лос Анџелес беше Лука Дончиќ со 25 поени и 7 асистенции за 33 минути поминати во игра. На спротивната страна се истакна Барнс со 22 поени и 9 скокови.
Серијата од четири победи во низа пак на Денвер заврши во средбата со Шарлот во кој клубот од Колорадо претрпе пораз од 87-110.
Денвер и овој пат настапи без повредениот Јокиќ, а во негово отсуство прв стрелец на екипата беше Мареј со 16 поени. Милер со 23 поени го предводеше Шарлот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

