ЛА Лејкерс имаат нова мета за тренерската позиција

Тренерот на Конектикат, Ден Харли, ја одби понудата од 70 милиони долари за шест години за да седне на клупата на Лос Анџелес Лејкерс па најтрофејната франшиза веќе се осврна кон следното најдобро решение, пренесуваат американските медиуми.

Станува збор за Џејмс Борего, 46-годишниот стратег за кој е 23 годишно искуство во НБА лигата.

Американецот богатата кариера како тренер ја започна во франшизата на Сан Диего во 2001 година, а потоа беше помошен тренер и во Сан Антонио, Њу Орлеанс и Орландо пред да го има првиот ангажман како прв тренер на клупата на Шарлот.

На истата се задржа четири години, а од 2023 година се врати назад во Њу Орлеанс како помошен тренер.

За негов ангажман не е заинтересиран само ЛА Лејкерс туку и Кливленд со кој се очекува наскоро да има и официјален состанок.

Се вчитува...