Кошаркарскта 2025 година започна со огромна трансфер бомба. Во редовите на ЛА Лејкерс од Далас пристигна Лука Дончиќ, словенечкиот кошаркар кој важи за еден од најдобрите во историјата на огромно изненадување.
Дончиќ се претстави пред публиката во Лос Анџелес, но се уште не го покажа својот вистински потенцијал бидејќи имаше лимитара минутажа поради повредата на левиот лист заработена на Божиќ. Истата е надмината, помогна и одморот на „Ол-стар“ викендот па по паузата тој повеќе нема да биде лимитиран на 25 минути по средба.
„Паузаата од пет, шест дена за време на „Ол-стар“ викендот му годеше. Неговата минутажа ќе се зголеми и нема повеќе да има рестрикции“, изјави тренерот Џеј-Џеј Редик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

