ЛА Лејкерс со шампионско засилување

ЛА Лејкерс не успеа да го убеди Каваи Ленард да му се приклучи на тандемот Леброн Џејмс – Ентони Дејвис, но „езерџиите“ како „утешна награда“ добија друг член на шампионскиот тим на Торонто. Станува збор за ветеранот Дени Грин, кој обелодени дека го напушта канадскиот клуб за да потпише двогодишен договор за ЛА Лејкерс вреден вкупно 30 милиони долари.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во Торонто за се што доживеавме заедно, на клубот, навивачите, соиграчите… Никогаш нема да го заборавам она што го направивме, но сега заминувам во ЛА Лејкерс. Едвај чекам да почнам да настапувам за мојот нов клуб“ – изјави Грин.

Грин беше многу важен дел од шампионскиот тим на Торонто, завршувајќи ја сезоната со просек од 10,3 поени и 4 скокови по натпревар.

Покрај потписот на Грин, „езерџиите“ успеаја да го осигураат и останувањето на Џавејл Мекги и Кентавиус Колдвел – Поуп, кои денеска потпишаа нови договори со овој клуб.

Се вчитува...