ЛА Лејкерс со супер-трансфер од Голден Стејт

Загубената трка по Каваи Ленард уште повеќе ги мотивираше челниците на ЛА Лејкерс да доведат засилувања кои крај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис би создале тим кандидат за шампионската титула. „Езерџиите“ завршија голема работа уште повеќе засилувајќи ја центарската позиција, откако вечерва беше постигнат договор за ангажман на ДеМаркус Казинс.

Доминантниот центар пристигнува од редовите на Голден Стејт, тим со кој не успеа да стигне до шампионски прстен, па сега ќе се обиде тоа да го стори како член на ЛА Лејкерс. Само за потсетување, челниците на ЛА Лејкерс денеска го ангажираа и Дени Грин од Торонто, а воедно беше договорено продолжување на соработката со Џавејл Мекги и Кентавиус Колдвел – Поуп.

Воедно, во завршна фаза се преговорите за двогодишен договор со плејмејкерот Рејџон Рондо.

Се вчитува...